венерас мк

Пренамена на постојана дозвола и дозвола за престој на лица кои се наоѓаат во Германија

Што значи Пренамена на веќе постоечка / издадена Дозвола за работа и за престој?

Тоа значи можност за пренаменување на вашата Дозвола за работа и престој којашто Ви била издадена во Германија за едно работно место и престој – да се се пренамени за друго работно место и место за престој во Германија!

кои се наши обврски во овој процес?

  • Обезбедување на валиден и ратификуван Работен договор, со наша асистенција по ваш избор и согласно вашите валидни квалифакции за односното работно место; 
  • Издавање на Потврда за ваше сместување; 
  • Опис на работно место кај новиот работодавач;
  • Адреса од локалната / државната институција кадешто  треба да се поднесат неопходните документи; 

 

Кои се ваши обврски во овој процес?

    • Ваше CV / Биографија на германски или на англиски јазик;
    • Валидна Патна исправа / Пасош;
    • Потполнета Аплиација, поставена на нашата веб страница: https://venerasgroup.mk
    • Скенирана верзија на документот – Дозвола за работа и престој во Германија (Aufenthal);
    • Термин за поднеување на документите во ваша општина.

Колку време трае процесот за пренамена на веќе постоечката дозвола за работа и престој и колку е тој процес успешен?

 

По нашето долгогодишно искуство, ваквите процедури можат да траат од четири до шест недели, во зависност од предметната општина и од локалниот адмистративен референт којшто го работи вашиот случај;

  • Групација Венерас, како компанија којашто успешно соработува со германскте работодавачи и административни (локални државни) власти, е горда на бројката којашто може да ја кажеме, а тоа е дека од близу 500 апликации за пренамена на Дозволата, само мал број беа неуспешни пренамени.
  • Успешноста за пренамена на Дозволата за работа и за престој зависи од Институтот за странци на Сојузна Република Германија. Доколку престојувате подолго од шест месеци во Германија и веќе имате добиено дозвола за престој (Aufenthal) и / или имате добиено отказ од работодавач, можностите за пренамена на Дозволата се поголеми.
  • По добиената пренамена, го известуваме вашиот работодавач дека пренамената ви е успешна и по негово одобрување можете да почнете со работа.

 

Напомена:

Групација Венерас не гарантира, ниту може да гарантира за успешноста во процесот на пренамена на Дозволата за работа и престој!

Обврските на Групација Венерас се да ги обезбедат сите неопходни документи за валидност на процедурите;

Одобрувањето или неодобрувањето на процесот на пренамена на Дозволата за работа и за престој е исклучиво и ексклузивно во надлежност на релевантните германски инситуции!

 

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на кој било од нашите телефонски броеви или на нашите e-mail адреси:

Скопје

📩 skopje@venerasgroup.mk ☎️ +389 70 38 19 43

Штип

📩 shtip@venerasgroup.mk ☎️ +389 78 36 19 23

 

 

 

 

Останете информирани

Регистрирајте се за да примате редовни информации во врска со нашите понуди