венерас мк

Работна Д виза за лица со МК пасош во Германија

Групација Венерас е компанија којашто е задолжена да изврши проверка на клиентите / апликантите за познавања на германскиот или на англискиот јазик, врши проверка на личните квалифакации, ја комплетира потребната документација при што е во континуирана комуникација со адвокатски друштва во Германија и во Македонија. Потоа, наоѓа најадекватено сместување за клиентите, врши дополнителни обуки пред вработувањето, преведува и посредува во соработката на компании кои склучуваат ваков тип од соработки и ги менаџери нивните договорно-правни односи како деловни субјекти и слично. За овој тип на активности, Групација Венерас на клиентите/апликантите им наплаќа еднократен износ, за Консултациски, оперативни, административни и други услуги поврзани со целиот процес.

 

ПРОЦЕС ЗА Д-ВИЗА – ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ПРЕСТОЈ ЗА ПОДОЛГ ПЕРИОД ВО С.Р.ГЕРМАНИЈА

 

Дали можам сам / сама да посочам локација за работа и тип на работно место?

Секако! Но, во најголема мерка, локациите и работните места ќе зависат од побарувачката и понудата на пазарот на трудот во моментот. Она што ние го препорачуваме е ваша флексибилност околу локацијата и типот на работното место во сезоната.

 

Како се спроведува целиот процес, од аплицирање до понуда на работна позиција?

По спроведување на процесот на апликација, следува постапката на комплетирање на неопходните документи. По ова, следниот чекор е распределбата на работното место и локацијата, процес низ којшто Тимот на Групација Венерас внимателно и посветено Ве води непосредно и заеднички со Вас се одлучува. Работното место се одбира во согласност со Вашите квалификации и преференци. Доколку ја одбиете позицијата за работа, ќе Ви биде понудена друга опција, откако ќе заврши процесот на понуда со сите останати апликанти.

Но, без грижа, ние точно ги знаеме Вашите очекувања и потреби, потпрете се на нашето искуство и експертиза!

 

Кои се најчестите работни позиции коишто се на берзата на трудот кај германските партнери?

Групација Венарас има широко портфолио на различни врвни кооперации, со голем опфат на најразлични работни позиции во градови низ целата територија на Сојузна Република Германија.

Најчесто, овие работни позиции се во услужната дејност, како што се гастрономскиот сектор, потоа работни позиции во транспорт – возачи со Б, Ц и Е категорија, како и работа во објекти од хотелиерството, ресторани за брза храна (клиенти од калибарот на Burger King, Mc Donald’s, KFC и слично).

 

Како се распределуваат работните позиции по апликанти?

За нас, секој апликант е индивидуа, па такa и му помагаме во изнаоѓањето на идеална работна позиција – индивидуално. Секако, ова зависи и од некои предуслови, како што се нивото на познавање на германскиот или англискиот јазик, потоа работно искуство, како и определени услови кои претходно ги определил работодавачот, а ги поседува апликантот.

 

Каде се сместуваат клиентите за време додедка трае работниот ангажман?

Групација Венерас располага со веќе закупени станови за индивидуално и колективно сместување, кое што е идеално за нашите клиенти/вработени.

Тоа се сместувања насекаде низ С.Р Германија, во станови или во колективни сместувања во непосредна близина на работните места, кои што се целосно опремени и одлични за краткотраен или долготраен престој. И сето тоа за финансии кои се прифатливи за буџетот на нашите клиенти.

Од друга страна, постојат и кооперациски компании кои што нудат сместување или сместување и храна за време на престојот тоа го одбиваат од платата на работникот. Во која било варијанта, Тимот на Групација Венерас Ви стои на располагање да се одбере најдоброто решение за Вас, процес низ кој Ве водиме и заеднички носиме решенија и одлуки.

потребни документи за аплицирање

  • Биографија/CV- на Германски или Англиски јазик
  • Валидна патна исправа
  • Апликација на нашата веб страна https://venerasgroup.mk/апликации/  
  • 3 биометриски фотографии

Тимот на Групација Венерас Ви стои на располагање за секој чекор при подготовката на документите за аплицирање.

Бесплатни консултации еден-на-еден или за групи, преку нашите телефонски контакти, како и на дигиталните платформи.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на кој било од нашите телефонски броеви или на нашите e-mail адреси:

📩 skopje@venerasgroup.mk ☎️ +389 70 38 19 43

📩 shtip@venerasgroup.mk    ☎️ +389 78 36 19 23 

 

Останете информирани

Регистрирајте се за да примате редовни информации во врска со нашите понуди