венерас мк

Студиска едукациска пракса во Германија зимска/летна

За кого се наменети програмите?

Програмите се наменети за студенти и за млади луѓе коишто преку Културна размена / Едукациска работна пракса се стекнуваат со можност непосредно да се едуцираат и да работат во СР Германија и одблиску да соберат искуства за животот и работните навики во германското општетство.

 

Како се определува услугата Културна размена/Едукациска работна пракса?

Услугата за Културна размена/Едукациска работна пракса во Сојузна Република Германија се определува во согласност со нивото на познавање на германскиот јазик на апликантот.

 

По што се разликува Групација Венерас од другите, во смисла на познавање на јазици?

Групација Венерас е единствената компанија којашто на македонскиот пазар обезбедува услуги за суденти коишто имаат познавање само на англискиот јазик.

 

Колку временски може да трае сезонската работа и во кој периоди може да се одвива?

Сезонската работа во Германија временски најдолго може да се извршува во текот на 90 календарски денови, за време на стандардниот летен распуст. Оптималниот работен престој се одвива во рамките на шеесетина денови.

 

Дали можам сам / сама да посочам локација за работа и тип на работно место?

Секако, тоа е и целта на овие програми. Но, во најголема мера, локациите и работните места ќе зависат од побарувачката и понудата на пазарот на трудот во моментот. Она што ние го препорачуваме е ваша флексибилност околу локацијата и и типот на работното место во сезоната.

 

Дали апликацијата автоматски значи и добиена дозвола за престој?

Самото испраќање на апликацијата до германските власти и надлежната државна агенција ЦАФ (ZAV – Zentrale Auslands und Fachvermittlung), не значи и гаранција за добивање на дозвола за престој. Но, она што нè прави особено горди е фактот дека во последните осум години илјадници студенти добиле дозволи за престој и работа, а и одлично заработувале!

 

Што може да се смета за официјален позитивен одговор од германските власти?

Апликантот добива дозвола за работа и престој одобрен и верифициран од ЦАФ (ZAV). Ова е документот со кој што германските власти и официјално потврдуваат дека апликантот може да замине на студентска работа.

 

Како се спроведува целиот процес, од аплицирање до понуда на работна позиција?

По спроведување на процесот на апликација, следува постапката на комплетирање на неопходните документи. По ова, следниот чекот е распределбата на работното место и локацијата, процес низ којшто Тимот на Групација Венерас внимателно и посветено Ве води непосредно и заеднички со Вас се одлучува. Работното место се одбира во согласност со Вашите квалификации и преференци. Доколку ја одбиете позицијата за работа, ќе Ви биде понудена друга опција, откако ќе заврши процесот на понуда со сите останати апликанти.  Но, без грижа, ние точно ги знаеме Вашите очекувања и потреби, потпрете се на нашето искуство и експертиза!

 

Кои се најчестите работни позиции кои што се берзата на трудот кај германските партнери?

Групација Венарас има широко портфолио на различни врвни работодавачи, со голем опфат на најразлични работни позиции во градови низ целата територија на Сојузна Република Германија. Најчесто, овие работни позиции се во услужната дејност, како што се гастрономскиот сектор, потоа работа на одржување на хигиена и работа во објекти од хотелиерството и објекти каде што се служи храна, потоа во објекти од транспортната дејност, како што се аердороми и слично.

 

Како се распределуваат работните позиции по апликанти?

За нас, секој апликант е индивидуа, па такa и му приоѓаме во изнаоѓањето на идеална работна позиција – индивидуално. Секако, ова зависи и од некои предуслови, како што се нивото на познавање на германскиот или англискиот јазик, потоа работно искуство, како и определени преференци кои претходно ги определил работодавачот, а ги поседува апликантот.

 

Што доколку откаже работодавачот кај кого треба да се спроведе работната пракса / работата?

Ваков случај не паметиме во нашата долгогодишна практика во спроведување на овие програми. Но, хипотетички, доколку се случи вакво нешто, Групација Венерас ја превзема одговорноста да обезбеди работни позиции кај друг работодавач.

 

Што доколку апликантот одлучи да не отпатува да ја заврши програмата?

Минорен е процентот и на студенти коишто ја откажале програмата заради виша сила. Но, сепак, во случај некој апликант да сака да ја откаже веќе потврдената програма, едноставно, ќе треба да нè извести во најкус можен рок. Веднаш потоа нашиот тим го прекинува тој работен ангажман и ги повлекува веќе поднесените документи до германските надлежни авторитети, согласно со одредбите за откажување во договорните услови.

 

Каде се сместуваат студентите за време додека трае работната пракса / работниот ангажман?

Групација Венерас располага со веќе закупени станови за индивидуално и колективно сместување, коешто е идеално за нашите клиенти. Тоа се сместувања насекаде низ С.Р Германија, во станови или во колективни сместувања во непосредна близина на работните места, коишто се целосно опремени и одлични за краткотраен или долготраен престој. И сето тоа за финансии кои се прифатливи за буџетот на нашите клиенти.

Од друга страна, постојат и работодаваци кошто нудат сместување или сместување и храна за време на престојот и тоа го одбиваат од платата на работникот. Во која било варијанта, Тимот на Групација Венерас Ви стои на располагање да се одбере најдоброто решение за Вас, процес низ кој Ве водиме и заеднички носиме решенија и одлуки.

 

Како се исплатува заработената плата и колку таа вообичаено знесува?

Вообичаено, како и кај нас, платата се исплаќа на крајот на месецот, за тековниот месец, а минималната граница за работен час е во зависност од законските одредби, што е минимум стандард за германски услови. Да нема забуни, во работната дозвола вообичаено е да е наведена Вашата бруто плата, која што подразбира износ којшто е поголем во однос на Вашата нето плата. Во секој случај, Тимот на Групација Венерас е со Вас низ секој чекор во изборот, планирањето, организацијата и спроведувањето на програмата, така што Ви стоиме на располагање за секоја консултација и персонализирање на сите Ваши барања и очекувања.

 

Какво е работното време, има ли дополнителни работни часови, кои се слободни денови?

Вообичаената работна недела има 35 до 40 работни часови. Секако, постои можност од доработка на дополнителни работни часови, коишто дополнително се плаќаат. Затоа треба да бидете флексибилни и со работа во смени. Што се однесува до слободните денови, тие зависат од потребите на работодавецот.

 

Што значи “аванс за лични потреби” и што треба да се направи во врска со тоа?

Ваше е само да аплицирате. За сето останато ќе се погрижи нашиот Тим. За таа цел, Групација Венерас Ви обезбедува аванс – средства за лични потреби и средства за покривање на сместувањето во првиот месец од програмата, коишто ги враќате од Вашата прва плата! Практично, Ве финансираме до првата Ваша плата, што во многу ги олеснува клучните параметри во првичното финансирање на личните трошоци!

ЧЕКОРИ ЗА ПОЛЕСНА КОМУНИКАЦИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ

1. потребни документи за аплицирање

  • Копија од патна исправа
    (
    Патната исправа треба да има рок на важност од најмалку шест месеци по планираниот датум на враќање од Германија.)
  • Потврда за редовен студент

  • Потврда – Imatrikulationsbesheinigung (истата се потполнува од страна на Групација Венерас)

     

  • CV –Lebenslauf(Пополнет на германски јазик, во табеларна форма, проследен со ваша фотографија.)
  • Пополнета апликација на нашата веб страна https://venerasgroup.mk/%d0%b0%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/ 

Напомена: Ви стоиме на располагање за секој чекор при подготовката на документита за аплицирање. За сите нејаснотии или за подетални информации треба само да ни се обратите на телефон на маил или на некои од нашите акаунти на социјалните мрежи!

ИНТЕРВЈУ

По повик од нашата компанија, секој апликант е задолжен да се јави на задолжително интервју. На ова интервју ќе се утврдуваат јазичните познавања на апликантот. Интервјуата ќе се одвиваат на германски или на англиски јазик, во зависност од тоа за која работна/едукациска позиција е пријавата од апликантот.

 

Препорака: И по успешното завршување на интервјуто, продолжете со вашето усовршување на германскиот јазик.

 
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ
Бесплатни консултации еден-на-еден или за групи, преку нашите телефонски контакти, како и на дигиталните платформи.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на кој било од нашите телефонски броеви или на нашите e-mail адреси:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       

Скопје

📩 skopje@venerasgroup.mk ☎️ +389 70 38 19 43

Штип

📩 shtip@venerasgroup.mk ☎️ +389 78 36 19 23

  

Останете информирани

Регистрирајте се за да примате редовни информации во врска со нашите понуди