Ги продолжуваме работните договори за нашите вработени во повеќе сектори и индустрии во Германија.

Венерас ЕУ Груп има задоволство да соопшти дека посветеноста и професионалноста во една од најчувствителните области за работа, како што е физичкото и техничкото обезбедување, е силно препозната од нашите партнери.

Во таа насока е и продолжувањето на работните договори со наши вработени во регионот на Хамбург, кои беа ангажирани и ќе продолжат да функционираат на работните места за обезбедување на објекти, како што се болници, друг тип на здравствени установи, производствени погони, како и на разни други објекти каде што е неопходно физичко и техничко обезбедување.

Ова е уште една потврда дека лицата за обезбедување вработени во Венерас ЕУ Груп ги задоволуваат високите стандарди во security индустријата, но што е уште поважно, ја имаат довербата на нашите ценети германски клиенти.

 

Вашата замисла е наша обврска!