Венерас како компанија повеќе од десет години, успешно им овозможува на сите студенти работна пракса во Германија.

Студентите преку овие пракси, покрај тоа што заработуваат парични средства кои би им помогнале во студиите, исто така имаат можност да го збогатат своето искуство, да научат или пак да го усовршат германскиот јазик, да запознаат една нова општествена средина, култура, обичаи. Воедно со ова искуство, стекнуваат нови работни навики, како и нови познанства во разнолика културна средина.

Оваа можност е наменета за сите студенти, редовни или вонредни кои имаат валиден статус во тековната година, и кои не се постари од 35 години. Јазичната бариера воопшто не треба да ви преставува пречка, бидејќи студентските пракси се наменети за сите оние кои имаат познавање на англискиот јазик, или пак основно познавање на германскиот, со тоа што имате отворена можност да го научите овој јазик, или пак да го усовршите во текот на тримесечниот ангажманот.

Сезонската работа во Германија се одвива најдолго 90 календарски денови. Ние од наша страна обезбедуваме сместување во наши апартмани. Апартманите се целосно опремени, собите се двокреветни, додека кујната и купатилото се заеднички простор којшто се дели со останатите соби. Предноста е во тоа што сместувањето секогаш е во близина на работното место.

Засега работни позиции има во повеќе области, односно логистика, гастрономија, аеродроми, забавни паркови, хотелиерство и хигиенски оддел, низ повеќе градови во Германија. Наскоро очекувајте Венерас да ги објави сите едукациски пракси.

Апликациите ќе бидат важечки се до крајот на оваа година. Доколку се отворат и нови работни позиции, ќе го продолжиме рокот на аплицирање.

 

АПЛИЦИРАЈТЕ НА СЛЕДНИТЕ ЛИНКОВИ:

Филијала Скопје: https://www.emailmeform.com/builder/form/iGcDcBb0WlX26eR5

Филијала Штип: https://www.emailmeform.com/builder/form/98zM7L8S64

Исто така за повеќе информации, или пак закажување термин за консултации со нашите агенти, можете да закажете на следните телефонски броеви:

Скопје

📩 skopje@venerasgroup.mk  ☎️ +389 70 38 19 43

Штип

📩 shtip@venerasgroup.mk  ☎️ +389 78 36 19 23

Вашата замисла е наша обврска!