Venera’s EU Group отвори нови канцеларии во две држави!

Почитувани пријатели, имаме огромно задоволство да Ве информираме дека во изминатите неколку месеци ги започнавме и успешно ги доведовме до завршница преговорите за отворање на две нови претставништва / канцеларии на Venera’s EU Group во земји од Регионот, во Турција и во Србија.

– Со гордост можам да кажам дека и во период на економска рецесија, задравствена и друг тип на кризи, Венерас не застанува со инвестициите и развојот на сопствената мрежа. Отворивме две нови канцеларии, една во Турција и една во Србија, со што ќе се обидеме да се наметнеме на тамошните пазари во оваа конкурентна индустрија. И двете држави се со развиен пазар на трудот и со профилирани работници, коишто важат за традиционално исклучително вредни професионалци во земјите од Западна Европа, особено во Германија. Ние не се плашиме од конкуренцијата, туку напротив, таа е добредојдена, инвестираме во нашите човечки капацитети, во нашата мрежа на канцеларии низ Европа и посветено работиме да ги направиме нашите услуги поконкурентни и подобри. – вели основачот и директорот на Групација Венерас, г-дин Емран Кемаловски.

Двете нови канцеларии во Турција и во Србија, се лоцирани во градовите Измир и Белград. Со ова, со веќе отворените претставништва во Словенија (Љубљана) и Бугарија (Софија), мрежата на Venera’s EU Group нарасна на четири нови интернационални канцеларии надвор од нашата Земја. Ако на ова се додадат и националните канцеларии во Скопје и Штип, станува збор за мрежа присутна во две земји од Европската унија и регионални / балкански канцеларии со огромен пазар на труд.

Со развивање на нашата компаниска мрежа го олеснуваме пристапот на нашите клиенти со македонски патни исправи до единствениот пазар на трудот во Европската унија, но, воедно, за многу ги олеснуваме процедурите и процесот на водење на документацијата за работни дозволи и слично.

Venera’s Eu Group овозможува широко портфолио на работни позиции и на работни места во различни бранши и индустрии за лица со македонски патни исправи. Активни сме во повеќе градови во Сојузна Република Германија и постојано склучуваме нови кооперациски договори и стекнуваме партнерски компании. Токму заради олеснителните административни околности што ги добиваме преку Venera’s EU Group, заминувањето и добивањето на целосна документација до добивање на виза и работни дозвола за нашите клиенти е во времетраење од максимум 120 денови. Широко е портфолиото на работни места со коишто располагаме, а се потпираме на долгогодишните директни партнерства за работни позиции во најголемите глобални брендови, во најразлични области, низ целата територија на Германија. За повеќе детали, посетете го одделот на Venera’s EU Group  на нашиот сајт .