Го добивте ли терминот за германска виза?

Ви треба помош за комплетирање на документацијата?

Заштедете на време и нерви, оставете ја работата на професионалци!

Тимот на Венерас за вас ќе го води целиот процес на апликација за Работна Д виза за лица со македонски пасош во Германија.

Нашите задоволни клиенти се одлична потврда за успешноста, за релевантноста и за посветеноста на тимот на Венерас на нашите апликанти да им овозможат целосна услуга и во однос на аплицирањето за виза, но и за останатите елементи за вашиот работен предизвик во Германија да го направиме уште една успешна приказна.

Почитувани пријатели, во овој период во тек е лотаријата во Амбасадата на Република Германија во Скопје, по чиј пат се избираат апликантите за долгорочна Работна Д виза за лица со македонски пасош. Вчера Амбасадата извести  дека апликациите за термин за февруари 2024 година може да се регистрираат во листата за чекање за термин од 03 јануари 2024 од 10:00 часот, до 10 јануари 2024 до 15:00 часот.

Ги повикуваме сите заинтересирани да го направат овој процес поедноставен и да се потпрат на долгогодишната експертиза и професионалност на нашата компанија. Затоа што Групација Венерас е секогаш тука за своите клиенти, посредувајќи при:

– Комплетирање за целокупна документација при влез во амбасада

– Обезбедување на работен договор со германските партнери

– Обезбедено сместување

Националната виза или Работна Д виза е влезна врата за долгорочен престој со одредена намена. За оваа цел, тука е Венерас да им асистира и да ги води своите клиенти низ целиот процес – од подготвување на документација, преку апликација, па до издавање виза. Но, ова е првиот чекор од испишување на нова успешна приказна во Германија. Следниот чекор е работата, односно, насочување кон работна позиција којашто најмногу одговара на профилот на кандидатот. Венерас за своите клиентите нуди распределба на работни места според квалификациите на самиот апликант. Во широкото портфолио во Групацијата, составено од различни врвни и препознаени компании, за нашите клиенти нудиме нуди најразлични работни позиции во градови низ целата територија на Сојузна Република Германија. Најчесто, овие работни позиции се во услужната дејност, како што се гастрономскиот сектор, потоа работни позиции во транспорт и достава, за возачи со Б, Ц и Е категорија. Тука е и работа во објекти од хотелиерството, во ресторани за брза храна препознатливи глобални марки.

А, цело е кога има сѐ, нели?

За да ја заокружиме нашата понуда, за ценетите клиенти нудиме веќе закупени станови за индивидуално и колективно сместување, во местата и градовите во близина каде што се наоѓаат работните ангажмани. Идеална опција за сите наши клиенти, затоа што станува збор за сместувања коишто се целосно опремени за краткорочен или долгорочен престој. И сето тоа за буџет кој го почитува паричникот на нашите клиенти.

Затоа, драги наши, повелете во Венерас за вашата следна успешна приказна, затоа што – Германија ве очекува!

✆ 078 36 19 23 ✆ 070 38 19 43 ✆ 074 22 49 43

Ве очекуваме!