Делата зборуваат погласно од зборовите – Венерас ЕУ е препознаен и доверлив партнер за сите институции и партнери со кои што работиме низ сите овие години во земјите низ Европската Унија! Релевантна потврда за овие наши заложби е успешната работа на тимот на Венерас ЕУ кој со својата експертиза, за многу кус рок успеа да обезбеди повеќе работни ЕУ визи за наши постојани и нови клиенти, соработници.

Активностите што ги спроведуваме преку канцелариите на Венерас ЕУ во неколку држави од Унијата, особено во сегментот на овозможување добивање виза и работен ангажман за лица со македонска патна исправа – во неколку чекори развивање на сопствен микро-бизнис и работа – вродуваат со плод! Односно, брзата реализација на добивање на работни и визи за престој кај повеќе наши апликанти, значи уште една дополнителна потврда за професионалноста, исполнителноста и високата деловна етика на тимовите од групацијата Венерас.

Добивањето на визи за повеќемина наши апликанти и тоа во период не подолг од десетина дена, за нас е уште поголем поттик да се вложиме дополнително и да ги доразвиваме сите услуги на Венерас ЕУ, во насока на повеќе можности за клиентите и идните апликанти.

Зголемувањето на обемот на работата, во изминатите неколку месеци, за нас во Венерас ЕУ значеше и повеќе обврски, зголемени административни ангажмани и директни контакти со административните авторитети во нашите канцеларии во неколку ЕУ центри. Производот на овој деловен обем и на директната комуникација со тамошните власти, веќе резултира со високо ниво на репутација и доверливост од нивна страна, но и со брза и ефикасна реализација на нашите барања до локалните надлежни авторитети.

Со нашиот тим составен од искусни професионалци со одлично познавање на регулативите и барањата на Европската Унија, на национално, но и на тамошно локално ниво, можете да бидете сигурни дека вашиот сон за сопствен бизнис преточен низ ангажманот на Венерас ЕУ, е во сигурни раце.

Дозволете вистинските професионалци да се погрижат за сонот да стане реалност!