Venera's Group

VENERA's EU GROUP

Што е VENERA’s EU Group?

Групација Венерас го прошири своето оперативно делување со отворање на сопствени канцеларии во три земји од Европската Унија.

Особено сме горди на ова наше постигнување, затоа што на овој начин го олеснуваме пристапот на нашите клиенти со македонски патни исправи до единствениот пазар на трудот во Европската Унија, но, воедно, за многу ги олеснуваме процедурите и процесот на водење на документацијата за работни дозволи и слично.

Venera’s Eu Group е активна ширум земјите од Европската Унија, каде што ги нуди своите сервиси за лица што поседуваат македонски пасоши. Во оваа насока, благодарение на преземените активни чекори, за своите идни вработени, Venera’s Eu Group овозможува широко портфолио на работни позиции и на работни места во различни бранши и индустрии за лица со македонски патни исправи. 

Активни сме во повеќе градови во Сојузна Република Германија и постојано склучуваме нови кооперациски договори и стекнуваме партнерски компании. 

Групација Венерас е една од водечките компании за посредништво за професионални ангажмани и образовни услуги во државите од Западна Европа.

Компанија која во последните дванаесет години постојано расте и се развива, непрестајно ги збогатува сферите на услуги како што го обогатува своето искуство.

Групација Венерас како компанија постојано остварува нови соработки со врвни работодавци, а денес со повеќегодишно искуство е основана во повеќе европски држави како што се: Бугарија, Словенија и Словачка. Во чии рамки поседува капитална инвестиција од 60.000 евра, основачки капитал регулиран од страна на Законот.

Широко е портфолиото на работни места со коишто располагаме, а се потпираме на долгогодишните директни партнерства за работни позиции во најголемите глобални брендови, во најразлични области, низ целата територија на СР Германија.

Ние не сме компанија којашто најмува работници од трети земји, ниту агенција за привремени вработувања во земјата транзит.

Венерас Групација нуди услуги во повеќе професионални области како што се градежништво, транспортни услуги во чии рамки се застапени сите категории (професионални возачи со Ц, Д, Е категорија, како и лесни товарни возила за Б категорија), логистички центри, обезбедување и ги остварува ангажманите ширум Европската Унија.

Заради погодноста што голем дел од нашите соработници се дел од менаџментите во компаниите кадешто имаме работни можности, ја нудиме можноста за вработување и за лицата со минимално познавање од англиски јазик или на германскиот јазик. Дополнително, со оглед на тоа што имаме кооперациски партнери кои зборуваат турски јазик, тоа е уште една олеснителна околност  за лицата со познавање на турскиот јазик.

Ако сте во потрага по нови предизвици и работен ангажман во Германија, не чекајте повеќе, станете и Вие дел од нашиот тим.
Заради зголемен обем на работа, задолжително е да си закажете термин во една од филијалите на Групација Венерас, во Скопје и во Штип, со едноставен клик на контакт.

 

Останете информирани

Регистрирајте се за да примате редовни информации во врска со нашите понуди