Select Page

Почитувани идни апликанти,

По една од најдинамичните и најобемни години во историјата на Венерас Груп, чувствувам обврска лично да се обратам до јавноста и до стотиците луѓе кои и во текот на 2026 година ни ја укажаа својата доверба.

Изминатите месеци беа обележани со рекорден број предмети, огромен интерес и секојдневна работа со максимален капацитет. Покрај редовните постапки, нашите тимови беа ангажирани и со голем број сложени предмети поврзани со претходни азилни постапки, непотполна документација, непријавени околности, дополнителни приговори, казнени евиденции, претходни административни и судски постапки, како и случаи кои бараа повеќемесечна правна и административна ангажираност.

И покрај тоа, Veneras Group остана верна на својата мисија. Со огромна посветеност, професионализам и човечки пристап, успеавме да придонесеме кон позитивно разрешување на голем број комплексни предмети. Зад секој таков случај стоеја безброј работни часови, дополнителни проверки, комуникација со институции и огромен ангажман од страна на нашите правници, менаџери, специјалисти за човечки ресурси, економисти и административни службеници во Република Македонија.

Во оваа прилика, како основач, сакам искрено да им се заблагодарам на сите наши вработени. Нивната лојалност, професионалност и пожртвуваност претставуваат темелот врз кој повеќе од петнаесет години се гради Veneras Group. Успесите што денес ги постигнуваме не се заслуга на поединец, туку на тим составен од луѓе кои секојдневно работат со чувство на одговорност кон секој клиент.

Меѓутоа, огромниот обем на работа и стекнатото искуство нѐ обврзуваат да поставиме нови професионални стандарди. Со цел да го зачуваме квалитетот на услугите и да обезбедиме уште поголема ефикасност, во наредниот период ќе следува реорганизација на процесот на прием на нови апликанти.

Одредени категории на сложени предмети, особено оние поврзани со претходни азилни постапки, сериозни неразјаснети административни и правни околности и случаи кои бараат вонредни ресурси, постепено ќе престанат да бидат дел од редовната обработка.

Истовремено, поради рекордниот интерес и брзото пополнување на капацитетите кај нашите европски партнери, бројот на нови приеми ќе биде ограничен. Поради тоа, ги повикуваме сите кандидати кои сериозно планираат да ја започнат својата постапка и да обезбедат навремена подготовка, своите апликации да не ги одложуваат, бидејќи расположливите капацитети се пополнуваат со исклучителна брзина.

И понатаму, посебен фокус ќе биде ставен на дефицитарните професии!

Им благодарам на стотиците семејства кои во текот на годините ни ја укажаа својата доверба. Таа доверба за нас претставува чест, но и обврска да продолжиме да работиме со највисоки професионални стандарди.

Со почит,

“Нашата цел никогаш не била да обработуваме најмногу предмети, туку да оставиме најмногу задоволни луѓе зад нас.“

0
    0
    Вашата кошничка
    Вашата кошничка е празна
    Call Now Button