HERZ 2025 EOOD започнува нова соработка со германски хотелски комплекс
HERZ 2025 EOOD официјално започнува процес за нова меѓународна соработка со хотелски партнер од Росток, Германија, каде моментално се бара персонал за повеќе различни позиции во хотелскиот и wellness секторот.
Според официјалното барање од германскиот партнер, потребни се:
Housekeeping сектор – 3 позиции
Задачите опфаќаат:
Чистење и одржување на хотелски соби
Одржување на јавни простории
Подготовка на соби за гости
Работа според хотелски стандарди за хигиена
Технички сектор – 3 позиции
Потребни профили:
Електричари
Водоводни инсталатери
Столари
Работните задачи вклучуваат:
Поправки и одржување во хотелскиот комплекс
Инсталации и сервисирање
Контрола и техничка поддршка на објектите
SPA & Wellness сектор – 3 позиции
Задачите опфаќаат:
Масажи и wellness третмани
Козметички услуги
Поддршка во спортски и релакс активности
Грижа за гостите во SPA зоната
Работни услови
Локација: Росток / Warnemünde, Германија
Работно време: 40 часа неделно
Обезбедено сместување
Цена за сместување: околу 300 евра месечно
Почеток на работа: по договор со работодавачот
Плата и услови
Според доставените информации, саатницата изнесува:
13,90 € бруто по час + можност за бонуси
За техничките и SPA позициите потребно е добро познавање на германски јазик, додека за housekeeping секторот предност имаат кандидати со работна дисциплина и искуство во хотелско одржување.
HERZ 2025 EOOD ја координира организацијата и административната подготовка за кандидатите во рамки на соработката со германскиот партнер.