Ја известуваме јавноста дека компанијата HERZ EU воспостави нова деловна соработка со германски работодавач од областа на транспортната и ладилната техника.
Ова партнерство претставува значаен чекор во понатамошното проширување на меѓународната деловна мрежа на HERZ EU и отвора нови можности за квалификувани технички кадри од регионот.
Во рамки на соработката се обезбедени работни позиции зa механичари, односно стручни лица за сервисирање, одржување и дијагностика на системи за ладење кај товарни возила и приколки.
Работните позиции се наоѓаат во покраината Северна Рајна-Вестфалија во Сојузна Република Германија, еден од најразвиените индустриски и економски региони во Европа.
За кандидатите се обезбедени следните услови:
✔️ Нето примања до 3.000 евра месечно
✔️ Работна недела од 45 часа
✔️ Сместување целосно обезбедено и финансирано од работодавачот
✔️ Долгорочен и стабилен работен однос
✔️ Современа работна средина и можност за професионален развој
Како информативен и административен центар за Северна Македонија и Република Србија, Венерас ќе ја информира јавноста за можностите кои произлегуваат од оваа соработка и ќе обезбедува административна и консултативна поддршка за заинтересираните кандидати.
Поддршката опфаќа:
• Информации за работните позиции и условите за работа;
• Помош при подготовка и комплетирање на документацијата;
• Административна организација на предметите;
• Консултации во врска со законските процедури за престој и работа;
• Визни совети и насоки за подготовка на документацијата потребна за аплицирање пред надлежните институции.
Венерас не издава визи и не донесува одлуки во визни постапки. Одлуките поврзани со визите и дозволите за престој остануваат во исклучива надлежност на надлежните државни институции.
Оваа нова соработка претставува уште една потврда за растот на HERZ на европскиот пазар и за довербата што германските компании ја укажуваат кон партнерствата изградени врз професионалност, транспарентност и долгорочна визија.
Заинтересираните кандидати се повикуваат навремено да се информираат за условите и можностите што произлегуваат од овој проект.
HERZ 2025
Во соработка со европски партнери – за нови професионални можности и сигурна иднина