Работа за студенти во Германија
Драги студенти, што треба да знаете за Германија пред да се одлучите да имате студентска летна пракса?
Германија е предизвик за сите млади да ја посетат и да уживаат во сé што може да понуди. Таа нуди еднакви можности за заработка и напредок. Германците го ценат секој човек и не носат деловни и приватни одлуки врз основа на националност, социјален статус, семејство. Она што го ценат кај луѓето е индивидуалноста, независноста и работливоста.
Од друга страна покрај работата бидете сигурни дека единствениот начин на кој вистински може да ја запознаете оваа држава е всушност да живеете и работите одредено време таму. Таа реалност и начин на живот ќе ви бидат многу поблиски, за време на вашиот летен распуст додека сте на летна пракса.