Select Page

Со големо задоволство ја информираме јавноста дека пристигнаа дел од одобрувањата согласно §19 со Законот за престој (AufenthG) и §26 став 2 од Уредбата за ограничување на влез и престој (BeschV). Ова е значаен чекор во процесот на управување со вашите апликации и Групација Венерас активно работи на брзо и ефикасно обработување на сите поднесени документи.

Нашата Мисија:

Групација Венерас е посветена на комплетирање на документацијата, пружање поддршка и консултации на нашите клиенти во текот на целокупниот процес. Нашата цел е да обезбедиме целосна поддршка преку:

  • – Професионална помош: Обезбедуваме стручна помош за подготовка на сите потребни документи и поднесување на апликации.
  • – Персонализирани консултации:Нашите искусни консултанти нудат индивидуални насоки и совети прилагодени на вашата конкретна ситуација.
  • – Групни консултации: Организираме консултации за групи и семејства, обезбедувајќи јасни и конкретни одговори на сите Ваши прашања.

Како се спроведува целиот процес?

Целиот процес започнува со аплицирање, при што Тимот на Групација Венерас Ве води низ секој чекор, од подготовка на документацијата до поднесување на апликацијата. По успешното поднесување на апликацијата, следува постапката на комплетирање на сите дополнителни документи кои се неопходни за Вашето вработување и престој во Германија. Ова може да вклучува обезбедување на медицински прегледи, патничко осигурување, како и сите потребни легализации и заверки на документи.

Постапка за аплицирање:

Постапката за аплицирање започнува со поднесување на барање до германскиот конзулат или амбасада. Оваа постапка подразбира доставување на сите потребни документи, вклучувајќи пополнет формулар за виза, фотографија, важечки пасош и сите други релевантни документи како што се договорот за работа, потврдата за осигурување и доказот за сместување.

Нашата Поддршка:

Тимот на Групација Венерас е посветен на тоа да Ви обезбеди целосна поддршка и професионална помош во секој чекор од процесот на аплицирање за национална Д виза. Без разлика дали аплицирате за прв пат или пак Ви треба помош со обновување на постојната виза, ние сме тука за да Ве водиме низ секоја фаза на процесот.

0
    0
    Вашата кошничка
    Вашата кошничка е празна
    Call Now Button